Европската група ЕАДС од денеска ќе го носи името Ербас, односно името на нејзината напозната филијала во светот, јавува дописникот на МИА од Париз.
Тоа не е единствената промена, по неуспехот на нејзината фузија со британската компанија БАЕ Системс во октомври 2012, и во наредните дванаесет месеци се очекува реорганизација која треба да ја подобри нејзината компетитивност.
Наместо четирите досегашни филијали Ербас и Ербас Милитари за авиони, Еурокоптер за хеликоптери, Астриум за вслена и Кассидиан за одбрана, Ербас ќе има само три филијали: Airbus (Ербас за цивилни авиони), Airbus Defence & Space (Ербас Одбрана и Вселена) која ќе произведува воени транспортни авиони исто како и одделот за вселенските летала и третата Airbus Helikopters (Ербас Хеликоптери).
Преименувањето на ЕАДС во Ербас (Airbus) има за цел компанијата да стане полеснa за идентификување. Изборот на Ербас за ново име на ЕАДС се должи на успехот на Ербас, производителот на европски авиони, а и зборот Ер (воздух) е ист во најголемиот број на европски јазици и таа нема географска одредница.