„Џенерал моторс“ викендов повлече 68.687 електро автомобили Шевролет Болт (Chevrolet Bolt), откако имаше неколку случаи на пожар кој потекнува од батериите.
Според Детроит њуз, досега се забележани пет слични случаи кај автомобили произведени од 2017 до 2019 година. Според Националната управа за безбедност на патниот сообраќај (НХТСА), најголем дел од повлечените автомобили (речиси 51 илјада) се наоѓаат на територијата на САД.
Како резултат на овие инциденти, беа повредени две лица кои се затруле од гасовите при горењето. Според автопроизводителот, во сите случаи батериите биле наполнети целосно, и им препорачува на сопствениците на колите батериите да ги полнат до 90 проценти
„Џенерал моторс“ соопшти дека работи со регулаторот за одредување на причината на пожарот во батериите.
-Пакетните батерии на транспортните средства потенцијално можат да испуштат дим и да започнат да горат, оганот може да се прошири на останатиот дел од транспортното средтсво и да предизвика пожар во просторијата, ако автомобилот е паркиран во гаража или покрај дом, се вели во соопштението на НХТСА.
Со оглед на ова, регулаторот препорачува соптвениците на „Chevrolet Bolt “ да ги паркираат електро автомоbилите на улица, поделаку од објектите.