Двојно намалена побарувачката за нови автомобили во Хрватска, Шпанија и Италија

Од:

Побарувачката на нови автомобили во Европа забележа голем пад во првата половина од годината поради пандемијата со Ковид-19, а најголемо намалување, речиси двојно има во Хрватска, Шпанија и Италија, соопшти Европска асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА).

Во земјите-членки на Европска Унија побарувачката за нови автомобили бележи пад од март, кога се воведоа строги мерки за сузбивање на новиот корнавирус. Граѓаните имаа ограничено движење, а многу компании, вклучително и автосалоните беа затворени.

Најголем пад од 76,3 отсто е регистриран во април, додека во мај намалената побарувачка за нови автомобили изнесуваше 52,3 проценти.

Според податоци на АЦЕА, во јуни во 26 земји-членки на ЕУ (без Малта за која нема достапни информации) регистрирани се вкупно 949.722 нови автомобили, што е за 22,3 отсто помалку во споредба со истиот месец минатата година.

Во првите шест месеци од годината во земјите-членки на ЕУ регистрирани се 4,28 милиони нови автомобили, што е за 38,1 проценти помалку во споредба со првата половина од 2019 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on