Двочасовен протест во националната Пошта

Од:

Синдикалните организации на Македонска Пошта, денеска од 08:00 до 10:00 организираат протест на членството пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во претпријатието.

Во најавата за протестот од Синдикатот на Македонска пошта наведоа дека „поради алармантноста на состојбата и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојувањето и иднината на Поштата и работните места“.

Синдикатот на Македонска пошта бара итна средба со Министерството за транспорт и врски и Владата за состојбите во претпријатието кое, како што велат, е во тешка финансиска состојба, се соочув

-На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, вели претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.

Според Синдикатот, комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, нема слух за проблемите на вработените и не се придржува до договорените ставови, права и обврски.

-Сите досегашни средби со менаџментот не вродија со плод, односно нема спремност за реформирање и реорганизање на друштвото кое е повеќе од потребно. Токму затоа принудени од актуелната ситуација, огромната неизвесност за иднината на нашата компанија и зачувување на работните места, вработените – членови на синдикатите својот револт и незадоволство ќе го искажат на општ протест, најави Синдикатот на Македонска пошта.

Би можело да ве интересира

Има работници кои не доаѓаат на работа и такви кои не знаат што им се задачите, алармира синдикатот на „Македонска пошта’

Македонска пошта заглавена во среден век – пратки се делат рачно, доцнат со месеци, нема начин да спречи измами со пратки

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

Поскапуваат дел од поштенските услуги

Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги

Владата ги задолжи државните институции да ги користат услугите на АД Пошта