Државниот градежен инспекторат врши контроли на охридско-струшкото крајбрежје

Од:

Инспектори од Државниот градежен инспекторат денеска почнаа контрола на плажите на охридско-струшката ривиера, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Целта, според него, е да се констатира дали има неправилности на плажите, кои беа предмет на издавање.

– Во моментов побаравме да се изврши надзор да видиме во каква состојба се плажите и договорите за концесија. Ќе видиме како ќе се развива работата во наредните денови, дали има нерегуларности и ако има да се стопираат, изјави Сугарески.

Ресорниот министер очекува деновиве да бидат пуштени во процедура измените на Законот за градежно земјиште каде ќе се дефинира начинот на кој државата ќе стопанисува со плажите не само во Охрид и Струга, туку и во Дојран и Преспа.

Неодамна градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко го повика министерот Сугарески заедно да го прошетаат Струшкото крајбрежје за да констатираат дали има нерегуларности.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он