Државите од АСЕАН ќе инвестираат 2,5 билиони долари во инфраструктурата

Од:

Десетте држави од југоисточна Азија, здружени во АСЕАН, во следните десет години ќе инвестираат 2,5 билиони (2.500 милијарди) долари во изградба на нови патишта, аеродорми и пристаништа.

Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН), на чие подрачје има 600 милиони жители, која од 2016 година ќе функционира како економска заедница со речиси идентични правила како и Европската Унија, планира крајот на оваа деценија да го пречека со вкупен заеднички БДП од над седум илјади милијарди долари.

Овие најави и проценки се направени на штотуку завршениот економско-финансиски Самит што се оддржа во Бангкок. На самитот учествуваа голем број поранешни и сегашни министри за економија, финансии и развој од Тајланд, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Виетнам, Сингапур, Брунеи, Малезија, Индонезија и Филипините..

Планерите сметаат дека најголем дел од средствата ќе се обезбедуваат од државните буџети, приватниот сектор и од банкарски кредити. Во инфраструктурните инвестиции со заеми и директни вложувања од државите вон АСЕАН, најмногу треба да учествуваат Кина и Јапонија, како и Азиската банка за обнова и развој.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска

Индексите на азиските берзи пораснаа од најниските нивоа во последната година

Ана Ололовска

Раст на цените на акциите на Азиските берзи

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

На Азиските берзи зголемени цени на акциите, доларот ослабна

Ана Ололовска

На Азиските берзи пад, доларот зајакнува

Ана Ололовска