Драстичен пад на добивката на „Ериксон“

Од:

Шведската компанија за телекомуникации „Ериксон“ соопшти добивка пред оданочување од 1,7 милијарди круни (околу 200 милиони евра) за првото тримесечје годинава.

Станува збор за речиси пет ипол пати помала добивка споредено со резултатот од истиот период лани, кога „Ериксон“ оствари добивка од 9,1 милијарди круни, јави дописникот на МИА од Шведска.

Шведски медиуми јавија дека резултатот на „Ериксон“ за првиот годинашен квартал е полош од очекуваното, при што аналитичарите претходно сметаа на добивка од 2,7 милијарди круни пред оданочување.

Влошувањето на резултатот се поврзува со продажбата на делот што „Ериксон“ лани го имаше во компанијата „Сони Ериксон“.

Според берзанските аналитичари, Ериксон-акциите денеска сепак ќе поминат мошне добро.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана