Драстичен пад на цените на недвижностите во Атина

Од:

Цените на недвижностите во Атина бележат драстичен пад поради кризата, при што метар квадратен станбена површина во некои квартови во грчката престолнина достигна и до сто евра, пишува весникот „Имерисија“.

Тоа се претежно станови стари по 30-40 години, кои не е потребно да се реновираат и се прилагодени за живеење.

Големата понуда на имоти по толку ниски цени се должи на фактот дека нивните сопственици не се во состојба да ги плаќаат даноците и се принудени да ги продаваат.

Според брокери, во моментот на пазарот има околу 270 илјади такви станови. Се смета дека со малку пари, на пример со 10.000 евра, можат да се купат двособни станови и гарсоњери во добра состојба. Тие се наоѓаат во квартови како Кипсели, Панграти, Агиос Пантелејмонас, Керацини и Илисија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит