Дождот го прекина гроздоберот во Тиквешијата

Од:

Дождот што денеска паѓа во Тиквешијата го прекина гроздоберот во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија.

Претседателот на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Кавадарци, Љупчо Аризанов изјави дека дождот негативно влијае врз гроздоберската сезона.

– Лозарите не сакаат да врне дожд додека е време за собирање на родот од лозјата. Поради дождот гроздовите имаат помала шеќерност, а знаеме дека шеќерноста е главниот услов при добивањето на цена за килограм грозје, појасни Аризанов.

Тој изрази надеж дека временските прилики ќе се подобрат и оти лозарите ќе можат да го соберат родот од лозјата.

Би можело да ве интересира

Ниските температури не предизвикаа штети во земјоделството, може да почне резидбата на виновата лоза

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

Аплицирајте за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал

Ковачевски: Годинава постигнавме договор за 30% зголемени откупни цени на грозјето

Горан Наумовски

Ковачевски: Гроздоберот е во полн ек, посакувам успешна и бериќетна лозарска година