Дополнителниот данок во Кипар е неверојатно опасен преседан

Од:

Предлогот во Кипар да се воведе дополнителен данок врз банкарски депозити создава неверојатно опасен преседан, изјави директорот на Институтот за меѓународни финансии Тим Адамс.

– Тој потег е фактичко нарушување на гаранциите и создава мноштво различни можности за дестабилизација на краток, среден и долг план, изјави Адамс.

– Следниот пат кога ќе почне криза во некоја друга држава оние кои вложуваат ќе се запрашаат: Зошто да се воздржувам, за да видам дали ќе се почитуваат сите правила или не? Мислам дека тоа несомнено е еден неверојатно опасен рпеседан, изјави Адамс.

Согласно договорот со Брисел, банкарските заштеди во Кипар под 100 илјади долари ќе се одданочат со 6,7 проценти додека заштедите над 100 илјади долари со дополнителен данок од 9,9 отсто.

Се очекува денеска парламентот во Кипар да гласа за договорот.

Институтот за меѓународни финансии со седиште во Вашингтон е најголемата светска лоби група за финансиски институции со повеќе од 450 членови од 70 држави – трговски и инвестициски банки, фондови и брокерски компании и други финансиски институции. Организацијата беше водечки преговарач од името на приватните кредитори при „простувањето“ на долгот на Грција кон приватни институции минатата година.

Детали за економската помош за Кипар

Кипар ќе добие помош од кризниот фонд на еврозоната за да избегне опасност од банкрот и средствата ќе бидат насочени кон финансикиот сектор кој најмногу настрада заради бизнис врските со Грција, наведува Ханделсблат. Никозија чекаше речиси девет месеци за таа помош. Сега се треба да се заврши многу брзо, и германскиот Бундестаг може уште идната недела да разгледа пакетот за Кипар.

Колку пари ќе добие Кипар?

До 10 милијарди евра. Првично беше посочена сума од 17,5 милијарди евра.

Кој ќе ги обезбеди кредитите?

Средствата ќе бидат од Европскиот стабилизациски механизам со учество на ММФ. Точната сума се уште не е одредена, изјави Кристин Лагард, шеф на ММФ на вонредна седница во Брисел. Досега Фондот учествуваше со една третина од средствата.

Улогата на Русија…

Русија за првпат учествува во меѓународна акција за економски спас на држава во еврозоната. Станува збор за кредит од 2,5 милијарди евра кои Москва ги даде во 2011 година на Никозија. – Руската Влада е подготвена да го продолжи рокот за враќање на заемот и да ги намали каматите, изјави еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен. Причина за рускиот интерес е претпочитаната дестинација на богатите Руси кон средоземноморскиот остров, наведува Ханделсблат. Имено, руски олигарси вложиле милијарди на сметки во кипарски банки, додава весникот.

Кои услови ќе треба да ги исполни Кипар?

Одамна се упатуваат критики дека заради нискиот корпоративен данок и полибералниот финансиски надзор, Кипар привлекува „валкани пари“. Никозија отфрла такви обвинувања. Германската Влада го обврза учеството во помошта со прифаќање мерки против перењето пари. Постигната е согласност приватна компанија да го провери исполнувањето на мерките против перење пари и проверката веќе се сллучува. Кипар се согласи и да воведе реформи и да го зголеми корпоративниот данок од 10 отсто на 12,5 отсто. Кипарската Влада ќе треба да приватизира и државни компании.

Кој ќе биде одданочен?

– Данокот ќе важи за локални лица и за странски лица кои имаат депозити на Кипар, изјави Рен. Штедачите со сметки над 100 илјади евра ќе треба да бидат одданочени еднократно со 9,9 отсто, за сметки под таа сума даонокот е 6,7 отсто. Вкупно треба да бидат собрани 5,8 милијарди евра, според Дејселблум. Барањето за одданочување на големите депозити најмногу дојде од Германија. Кипарските власти работат на намалување на стапката на данок за малите депозити и еврозоната, и според извори, веќе се согласила влоговите под 100 илјади евра да не бидат одданочени, а данокот кај повисоките депозити да биде зголемен. Парламентот на Кипар денеска се очекува да гласа за договорот.

Како ќе биде во пракса?

Сумата од даноците ќе биде веднаш замрзната од средствата од сметките. Вчера кипарските банки беа затворени заради празник, а депозитите ќе бидат замрзнати денеска и утре.

Што се очекува од Никозија?

Никозија треба да ги врати кредитите со камата чија стапка не е утврдена. Деталите ќе бидат познати во април. Пакетот помош треба да биде одобрен во повеќето национални парламенти во европски држави.

Дали со тоа се решава кризата во еврозоната?

Не, кризните проблеми остануваат. Меѓу нив се Грција и Шпанија. По хаотичните парламентарни избори во Италија берзите стравуваат и од третата по големина економија во еврозоната. Франциај исто така е во центарот на вниманието заради реформите и големиот буџетски дефицит.

МИА

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ