Дополнителна субвенција за решавање на проблемот со праските

Од:

Дополнителна субвенција од шест денари за килограм праски што ќе бидат откупени од преработувачките капацитети меѓу 12 и 30 јуни, е мерката со која Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство им излезе во пресрет на овоштарите.

Според министерот Љупчо Николовски, опфатени ќе бидат над 500 производители, односно ќе бидат откупени околу 400 тони праски кои едвај би достигнале пет денари по килограм.

Како што изјави Николовски, новата мерка следува по анализата на производството и согледувањето на состојбата на терен.

– Од разговорите со производителите и од анализите кои ги направивме може да се забележи дека сегашниот род на праските е со многу лош квалитет поради неажурноста на институциите пред се на неспособноста на водостопанското претпријатие навреме да го отстрани дефектот во тој регион и да обезбеди доволно вода за наводнување, истакна Николовски.

Реакцијата на МЗШВ следуваше веднаш откако вчера околу 50 овоштари со 10 трактори го блокираа патот Росоман – Прилеп кај пазарот во Росоман, изразувајќи револт поради слабиот пласман на праските и немањето пласман.

Земјоделците најавија радикализирање на протестот ако проблемот не се реши, а размислуваат, рекоа, и за исфрлање праски пред Владата. Се заканија дека ќе ги исечат прасковите дрвца од што штета ќе има и државата и воедно укажаа на непотврдени информации за наводен увоз на праски од Албанија и Грција.

– Цената на праските е рекордно ниска, само гајбата чини 25 денари. мора да се бараат алтернативни пазари и интервентно да се реши кризата зашто во прашање е доведен опстанокот на општината, изјави градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.

Како што истакна, пак, претседателот на Здружение на овоштари „Росоманска долина” Игор Милошевиќ, критериумите за извоз на рускиот пазар се изострени поради што, извоз речиси нема.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп