Донесен Буџетот за 2022, приоритет забрзување на економскиот раст и заштитата на јавното здравје

Од:

Собранието вечерва по петдневна расправа со 63 гласа „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“ го донесе Буџетот за следната година.

Буџетот е проектиран на 4,4 милијарди денари. Вкупните приходи се планирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП, а расходите се проектирани на ниво од 272,4 милијарди денари што е за 1,4 проценти повеќе од годинава. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. За капитални инвестиции за следната година се предвидени 37,8 милијарди денари, што е за 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Запазено е т.н. „златно правило во финансиите“, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи.

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски