Доларот зајакнува петта недела по ред

Од:

На девизните пазари и минатата недела благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, петти пат по ред, бидејќи се појасно е дека поради високата инфлација, американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, порасна за 0,15 отсто минатата недела, на 104,26 поени.

Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари. Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,6 отсто, на 150,20 јени.

Јакнењето на доларот петта недела по ред уследи по извештајот за пораст на инфлацијата во САД во првиот месец од оваа година.

Извештајот, објавен во вторникот, покажа дека во јануари потрошувачките цени пораснале за 0,3 отсто на месечно ниво и 3,1 отсто на годишно ниво, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите. Производните цени и во јануари пораснаа повеќе од очекуваното, што покажува дека борбата со инфлацијата се уште не е завршена.

На крајот на минатата година, доларот беше под притисок бидејќи пазарот процени дека инфлацијата ќе ослабне и дека како резултат на тоа ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март.

Сепак, имајќи предвид дека инфлацијата се уште се движи далеку над целното ниво на ФЕД од 2 отсто, на пазарот веќе не се ни споменува мартовскиот пад, а по извештајот за потрошувачките цени, шпекулациите за намалување на каматните стапки во мај стивнаа.

Пазарот на пари сега проценува дека шансите за намалување на стапката на ФЕД во мај се помали од 50 проценти.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Путин: Русија 65 проценти од плаќањата со земјите од БРИКС го врши во национална валута

Курсот на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во повеќе од една година

Доларот ослабе, курсот на еврото над 1,10 долари

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна, цената на нафтата падна