Доларот зајакна втора недела по ред

Од:

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела, втора недела по ред, бидејќи стивнуваат шпекулациите дека американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки уште во март.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, се зголеми за 0,8 отсто минатата недела, на 103,26 поени. Истовремено, доларот зајакна за 0,5 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0898 долари.

Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 2,2 отсто, на 148,15 јени. На крајот на минатата година, доларот беше под притисок поради шпекулациите дека ФЕД може агресивно да ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од март.

Сепак, овие шпекулации ослабеа во последните недели, со оглед на тоа што податоците укажуваат на стабилен економски раст, па нема причина за нови стимулации. Дотолку повеќе што инфлацијата сè уште е далеку над целните нивоа на ФЕД од околу 2 проценти.

Затоа, челниците на ФЕД велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки. Уште пред десет дена, пазарот процени дека има речиси 80 отсто шанси ФЕД да ги намали каматните стапки во март, но сега тие шанси се намалија на само околу 50 отсто.

Слабеа и шпекулациите за намалувањето на каматните стапки на ЕЦБ, имајќи предвид дека голем број претставници на Европската централна банка минатата недела изјавија дека е рано да се размислува за намалување на каматните стапки. Поради тоа, стивнаа шпекулациите дека ЕЦБ ќе ги намали каматните стапки веќе во март, а сега се шпекулира дека тоа би можело да го направи во април.

Би можело да ве интересира

Остар пад на доларот

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Доларот зајакна во однос на еврото

Падна вредноста на доларот

Доларот зајакнува петта недела по ред