Доколку Грција не ги спроведе реформите помошта ќе биде стопирана

Од:

Доколку Грција не успее да ги спроведе мерките, за кои постигна спогодба со Европската унија во замена за третата финансиска програма за спас, помошта брзо ќе биде стопирана, изјави денеска лидерот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, пред денешниот состанок во Брисел.

– Еврогрупата ќе направи оценка на извршените реформи во Грција во септември или октомври. Доколку не бидат исполнети ветувањата, програмата за помош може брзо да биде прекината, истакна тој.

Дејселблум повторно изрази увереност дека Грција ќе ги исполни своите обврски.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит