Дојче бан: Популарната шема за месечни билети од девет евра е голем успех

Од:

Популарната шема за месечни билети на германскиот железнички оператор Дојче Бан завршува следната недела, а директорката за регионален транспорт на компанијата Евелин Пала го прогласи експериментот за голем успех.

Околу 26 милиони луѓе купија месечни билети за јуни, јули и август само преку продажните места на Дојче Бан, објави Пала.

Таа додаде дека „секој петти купувач на месечен билет од 9 евра повторно го открил јавниот превоз“.

– Во тримесечниот период повеќе патници патувале со јавен превоз со месечен билет отколку пред пандемијата, рече Пала.

Колку билети се продадени низ целата земја се уште не е познато, а Здружението на германски транспортни компании (ВДВ) има намера да ги објави податоците во понеделник.

Здружението на почетокот на август соопшти дека во првите два месеца преку продажните места на сите германски транспортни компании биле продадени околу 38 милиони билети во вредност од 9 евра, со околу 10 милиони патници кои веќе имале сезонски билети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц