Договорот меѓу Грција и кредиторите предвидува брза приватизација на пристаништа, аеродроми и компании

Од:

Грција брзо ќе треба да ги приватизира своите пристаништа, регионални аеродроми и електродистрибутивната мрежа, се предвидува со меморандумот за разбирање меѓу Атина и нејзините кредитори.

Според документот на 29 страници, се очекува приходите од грчката приватизација, каде се исклучуваат банките, да изнесува околу 6,4 милијарди евра меѓу 2015 и 2017 година, пренесува БТА.

Во меморандумот се наведуваат мерки, кои треба да ги воведе грчката влада, со цел да добие нова, тригодишна финансиска помош, што се проценува на околу 85 милијарди евра.

Според договорот Атина се ангажира да преземе „неповратни чекори“ до октомври годинава за приватизација на операторот на електродистрибутивната мрежа АДМИЕ, освен ако не биде претставена алтернативен план со истите резултати.

Датумите на тендерите за пристаништата во Солун и Пиреја треба да бидат објавени до крајот на октомври.

Начинот на кој Грција ги исполнува договорените реформи со пакетот за спас на земјата, ќе бидат оценети од кредиторите во октомрви.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит