Договорен меморандум за разбирање за рестартирање на Југохром

Од:

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за разбирање за надминување на состојбите поврзани со работењето на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар во Јегуновце.

Владата го донесе ова решение со единствена цел да се надминат проблемите во оваа компанија што доведоа до запирање на нејзиното работење, откако нејзината управа не ги обезбеди неопходните еколошки сандарди пропишани за овој тип индустрии, соопшти владината прес-служба.

По повеќе средби и разговори меѓу претставници на компанијата, на синдикатот на Југохром, и на граѓанските еколошки организации, се посочува, донесен е заеднички заклучок дека сите наведени субјекти се заинтересирани за продолжување со работа на компанијата.

Управата на друштвото во овој правец изјавува дека е подготвена да прибави А–еколошка интегрирана дозвола согласно законот. Преставници на синдикатот, исто така, ја искажуваат нивната подготевост веднаш да се вклучат во процесот на работење. Од друга страна невладините организации не се противат на повторното рестартирање на работата на комбинатот, по инсталирање на соодветни заштитни филтри и опрема која ќе го спречи загадувањето на животната средина, се вели во соопштението.

Владата, исто така, ја искажува својата подготвеност, преку надлежните органи, веднаш по исполнување на условите, да ја издаде еколошката дозвола потребна за продолжување со работа на комбинатот и гарантира дека постапката ќе биде завршена во најкраток можен рок.

Имајќи го во предвид сето горенаведено, се создаде потреба од потпишување Меморандум за разбирање за надминување на состојбите поврзани со работењето на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар, што ќе го потпишат управата на компанијата, синдикатот и Владата на Република Македонија.

Како дополнување на оваа одлука, Владата го овласти вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев во име на Владата да го потпише Меморандумот за разбирање со претставниците на управата и синдикатот на Југохром Алзар, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски