Договор меѓу „Мерцедес“, „Форд“ и „Нисан“ за новата генерација возила на водород

Од:

По најавата дека „Мерцедес“ разговара со „Форд“ и алијансата „Рено-Нисан“ за заедничка работа на полето на водородните согорувачки ќелии, пристигна веста дека е потпишан договор за соработка меѓу овие три компани.

Трите страни во договорот, пред три дена, се обврзаа дека ќе ги здружат своите ресурси за да ја развијат новата генерација возила со нулта емисија, што како погон ќе го користат водородот.

„Мерцедес“, „Форд“ и „Нисан“ зад себе имаат вкупно 60 години работа на технологијата за возила со согорувачки ќелии. Се очекува, благодарение на здружувањето на силите,  трите производители да бидат во состојба да 2017 година на пазарот да ги претстават моделите што ќе имаат пристапна цена и што ќе можат да се произведат во големи серии.

Освен технологија за погонскиот систем на автомобилот, трите компании планираат да развијат и инфраструктура за водородот, потребан за придвижување на автомобилот, да биде достапен до голем број корисници.

Сличен договор за соработка во областа на технологијата на водородни согорувачки ќелии неодамна потпишаа „БМВ“ и „Тојота“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on