Наградите за најуспешните претприемачи од микро и мали претпријатија за 2017 година денеска ќе бидат доделени во Скопје на традиционалната манифестација „Претприемач на годината“ на која ќе се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши.
Организатори на манифестацијата, што се одржува по 11-ти пат, се Сојузот на стопански комори (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), а коорганизатор е Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење (НЦРИПУ).