Доделени плакети на најдобрите рудари во Македонија

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска им врачи плакети на 12 најдобри рудари, номинирани од нивните работодавачи, и благодарници на шест здруженија и институции за посебен придонес во рударството во Република Македонија.

Оваа манифестацијата ја организира Минстерството за економија по 11-ти пат по повод Денот на рударите-28 август.

Бектеши нагласи дека Македонија има големо и непроценливо богатство од минерални суровини и затоа, како што рече, особено значајно ни е оваа гранка да се развива и да обезбеди економски раст за државата. Додаде дека во овој сектор, како и придружните што го опслужуваат има над 10 илјади вработени.

– Гледано по сектори, рударството и вадењето на камен учествува со 8,31 отсто во вкупното индустриско производство во државата. Затоа овој сектор е еден од водечките сектори од индустриското производство и е од големо значење за македонската економија, рече Бектеши.

Министерот за економија подвлече дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ да обезбеди рационално и одржливо експлоатирање на рудните богатства од инвеститорите во рудниците, а истовремено да се обрне максимално внимание на зачувувањето на животната средина и социјалната благосостојба на околното население. Најави дека Владата ќе ги продолжи планираните активности во секторот минерални суровини и ќе се залага за подобрен Закон за минерални суровини.

Претседателот на Македонската асоцијација за рударство Николајчо Николов изрази сочувство до семејствата на загинатите рудари и нивните колективи во Крива Паланка и во Скопје кои се случија непосредно пред Денот на рударите. Тоа, како што рече, претставува уште една опомена дека многу треба да внимаваме на рударите и на рударските семејства.

Николов смета дека Закон за минерални суровини е еден од најчесто менуваните закони во Македонија.

– Тој има место за надополнување, но не по скратена постапка туку со длабоки анализи на сите стручњаци од овој сектор, рече Николов. Додаде дека донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон во Собранието се селективни и неприменливи.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски