Доделени лиценци за проценители во повеќе области

Од:

Над 60 проценители денеска добија лиценци од Министерството за економија за вршење процена  на трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица, машини и опрема, подвижни предмети и во областа на индустриската сопственост.

За да вршат процена во тие области до Министерството за економија за обука  досега се обратиле 420 кандидати, а над 300 поминале стручен испит. Покрај обука и испити за да можат да работат  проценителите треба да регистрираат друштво за процена или трговец поединец.

Со новата регулатива и обуката  и испитите, проценителската дејност ја доближивме до стандардите и праксата во развиените пазарни економии, истакна министерот за економија Ваљон Сарачини, кој ги врачи лиценците на проценителите.

Според Сарачини, во насока на профисионализација на проценителите, од особена важност е и воведената можност за ревизија на извршена процена, во случај странката што нарачала процена да не е задоволна од  услугата. За таа цел предвидено е формирање посебна комисија што ќе има задача да оцени дали процената е изработена по усвоените методологии и меѓународни стандарди за процена. Доколку оценката на комисијата биде негативна, односно се оцени дека процената не е  во согласност со наведените стандарди, следува соодветна санкција за проценителот, појасни Сарачини.

Со законот е овозможено и осигурување  од професионална одговорност во вршење на дејноста, што би значело дека ако проценителот ја оштети странката,  штетата ќе може да се наплати од неговото осигурување.

Следен чекор во професионализацијата на проценителската дејност треба да биде формирање комора на проценители, каде ќе се овозможува постојана обука, дисциплина во вршење на дејноста и одговорност при вршење конкретна процена.

Најголем обем на работа во проценителската деност, односно 92 проценти, според проценители, има со банките по основ на хипотеки  за добивање кредити. Претежно се става под залог недвижен имот, но и машини и транспортни средства.

Претходно и Министерството за транспорт и врски издаде 11 лиценци за проценители за вршење процена на недвижен имот и транспортни средства, а почната е постапка за уште 40-ина.

Процената во Македонија првпат се определи како посебна професија со Законот за процена од август 2010 година.

Би можело да ве интересира

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари