Додека светот се давеше во нафта Русија заработи 120 милијарди долари

Од:

Русија заработи речиси 120 милијарди долари дополнителен приход благодарејќи на договорот за намалување на производство на нафта, пренесува Б92.

-За време на две години колку што важеше договорот „ОПЕК +“, Русија оствари најмалку 120 милијарди долари дополнителен приход, покажуваат процентите, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак во интервју за весникот „Комерсант“.

Тој наведе дека ниските цени на нафтата создаваат дополнителни проблеми за државниот буџет и целокупната економија и оти нивното нагло опаѓање може да влијае на националната валута и стапката на инфлација.

– Од таа причина важна е проценката на ефектите од соработката со државите од ОПЕК во однос на економијата на нашата земја, додаде Новак.

Стабилноста на пазарот во првата половина од следната година може да се обезбеди со намалување на производство на нафта, што не исклучува можност за продолжување на важењето на постојниот договор меѓу нафтениот картел и неговите сојузници, вели рускиот министер.

Договорот меѓу 15 членки на ОПЕК и партнерски земји, предводени од Русија, кој беше склучен на почетокот на декември на средба во Виена, предвидува намалување на производството на сурова нафта за 1,2 милиони барели дневно во текот на првите шест месеци од следната година.

Новиот договор претставува продолжување на претходниот, кој беше потпишан кон крајот на 2016 година со цел намалување на производството на нафта за околу милион барели дневно по намалувањето на цената на тој енергент, кое почна кон средината на 2014 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација