До крајот на годинава уште 14 мали хидроцентрали, тендер за нови 80

Од:

Четириесет милиони евра е вкупната инвестиција во 30-те мали хидроцентрали од кои 16 веќе работат, а 14 треба да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава. Инвеститорите денеска заедно со надлежните разговараа за реализацијата на проектот и проблемите со кои се соочуваат.

– Станува збор за сериозна инвестиција. Ова е нов сектор. Досега е завршена огромна работа. Изградени се 16 мали хидроелектрани во период од 1,5 година и до крајот на годината ќе бидат завршени уште 14, изјави по средбата министерот за економија Ваљон Сарачини.

Тој додаде дека средбата е искористена да се слушнат проблемите со кои се соочуваат инвеститорите при реализација на проектот и додаде дека институциите се секогаш отворени за дијалог со инвестоторите. Поддршка, истакна, добивале и досега, а и во иднина ќе продолжи поддршката и на странските и домашните инвестори.

Проблемите се од различен карактер, од административен карактер, објекти на терен и слично. Претставникот на компанијата Мали хидроелектрани, фирма ќерка на Енерџи истерн Јуроп, Самоил Целески посочи дека проблемите беа очекувани со оглед на тоа што првпат се реализираат вакви проекти во земјава и оти добро е што тие се решливи.

– Проектот продолжува да се реализира. Три мали хидроелектрани веќе се пуштени во употреба, една треба да се пушти за 1,5 месец, други две се во фаза на градба, а има и во фаза на подготовка на проекти. Не очекува уште доста работа, истакна Целески.

Министерот Сарачини и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми најавија дека на крајот на овој месец ќе се објави нов тендер за изградба на мали хидроцентрали.

– Предвидени се нови 80 локации и се уште се дискутира дали ќе се објават во еден тендер или ќе се поделат во повеќе, појасни министерот Адеми.

За да се излезе во пресрет на инвеститорите, истакна Адеми, во соработка со ИФЦ за изградба на нови малихидроцентрали, а ќе се отвори и едношалтерски систем во рамки на Министерството за да може да добијат информации на едно место.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал