До два милијарди евра ќе се зголеми финансирањето на Грција од ЕБРД

Од:

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе го зголеми финансирањето на Грција во 2018 година до две милијарди евра, изјави директорот на банката за Грција и Кипар Сабина Џиурман, пишува весникот „Етнос“.

Таа истакна дека ЕБРД одредила над една милијарди евра за да помогне за економскиот раст на Грција, но во таа сума не се вклучени финансиските линии за трговија.

– Оваа година ќе направиме повеќе отколку во 2016 година и планираме да стигнеме до две милијарди евра во текот на следната година, наведе Џиурман.

ЕБРД ќе инвестира во Грција до 2020 години и поради ограниченото време брза со инвестициите.

Досега банката обезбедила 250 милиони евра со цел да помогне за рекапитализација на четири водечки грчки банки.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски