До 31 август бесплатно приклучување парно греење на исклучените потрошувачи

Од:

До 31-ти август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи.

„Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење,
започнуваме акција за БЕСПЛАТНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ за исклученитепотрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење. 
Акцијата за бесплатно приклучување важи до 31 ви  август 2023 година и ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“.

Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор. 
Ги покануваме заинтересираните потрошувачи за сите неопходни
информации за постапката за приклучување да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100„ соопшти ЕСМ Снабдување .

За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување
потребно е да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина.
По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

Бесплатното приклучување на исклучените потрошувачи подразбира бесплатно испуштање на вода од системот за централно греење како и работна рака без надоместок. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталацијата ќе се наплаќа согласно ценовникот за сервисни услуги.

Би можело да ве интересира

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

СДСМ: Неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд