Џинпинг: Заврши ерата на ултрабрзиот раст на кинеската економија

Од:

Претседателот на Кина Сји Џинпинг изјави дека веројатно завршија деновите на ултрабрз раст на втората по големина светска економија, за кои многумина се надеваат дека ќе го поттикне глобалното заздравување.

-Не верувам дека ќе бидеме во состојба да го оддржиме ултрабрзиот економски раст, ниту пак тоа го посакуваме, рече Џинпинг на азискиот форум во Боао, што ги собра политичарите и деловните лидери, пренесоа француските медиуми.

-Можно е, сепак, да заддржиме релатавино висок темпо на економски раст. Кинеската економија е во добра состојба, наведе тој.

Откако почна да ја отвора својата економија, Кина во просек бележеше годишен економски раст од 9,9 отсто, што е темпо ретко видено во историјата на светскиот економски развој, рече Џинпинг.

Тој додаде дека факторите, како што се урбанизацијата, продолжувањето на индустријализацијата и модернизацијата на земјоделието, се причините за оптимизмот во врска со идната нагорена линија на економијата.

Кинеската економија минатата година забележа најбавен стопански раст во последните 13 години од 7,8 отсто, заради слабоста на домашниот и на клучните извозни пазари.

-Ќе го свртиме фокусот на економскиот раст врз квалитетот и ефикасноста, наведе кинескиот претседател.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски