Дискусија: Младите да се поттикнат за отворање сопствени бизниси

Од:

Мотивирање на средношколците да отворат сопствен бизнис позициониран за освојување на странски пазари и да генерираат вработување, за себе и за другите. Ова е целта на денешната панел дискусија „Од идеја до странски пазар“ во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и Институтот за претприемништво и лидерски развој при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото Иле Митковски изјави дека ако младите се решат да отворат сопствен бизнис сами ќе одлучуваат за тоа што сакаат да го работат. Додаде дека имаат повеќе програми, како ваучер систем, иновативен систем, преку кои може да им се помогне кога почнуваат.

– Македонија не е многу далеку од другите, но имало еден период кога малку повеќе внимание се дало на инвестициите од надвор. Не велам дека тоа не треба, но најголемото вработување е во малите, средните и микро претпријатија. Тоа е во светски рамки и кај нас. Мора да направиме еден издржлив систем на поддршка, каде поддршката ќе биде вистинска и постојана и да не зависи од некој, рече Митковски.

Помладиот истражувач на Институтот за претприемништво и лидерски развој при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје Македонка Димитрова изјави дека сакаат да им покажат на младите оти може да се успее и од Македонија.

– Имаме човечки ресурси и ресурси кои можат да се искорисат за да се добијат одлични финални производи кои би имале повисока конкурентна вредност на пазарот. Целта е преку овие претприемачки стории да ги мотивираме младите дека и тие може да успеат, рече Димитрова. Додаде дека според примерите од странство, за оваа тема треба да се зборува уште од основно образование.

Димитрова рече дека треба да се промени идејата за вработување во јавна админстрација и да се почне со сопствен бизнис. Таа смета дека кај учениците и кај наставниците има огромен интерес за оваа тема и оти треба уште малку да се направи, како соодветни учебници и обука за наставниците.

Пред младите своите искуства ќе ги пренесат претставници на неколку стартапи, меѓу кои онлајн продавницата „OutletON“, производителот на органска храна „Липа“, брендот за луксузни женски чанти „Си-Мајами“, Белга чоколади и индискиот бизнис „Stay Uncle“.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски