Дирекна авиолинија Скопје – Берлин

Од:

Од декември македонските граѓани ќе може да летаат со авион директно до Берлин. Редовната линија ќе се воспостави од 20 декември од аеродромот Александар Велики два пати во неделата во понеделник и петок, а ќе ја опслужува „Флај Германија“.

Ова е договорено на денешниот состанок на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со претставници на германската авио компанија.

На средбата, како што информира Министерството за транспорт и врски, се разговараше и за можноста за воведување дополнителни дестинации до Хамбург, Штудгард и Франкфурт.

Компанијата „Флај Германија“, постои 26 години и располага со флота од 18 авиони.

– Во Министерството за транспорт и врски сме цврсто убедени дека со воведувањето на новите авио линии, бројот на патници ќе биде дополнително зголемен, како и фреквенцијата на летови над македонскиот воздушен простор, стои во соопштението.

Министерството најавува дека ќе продолжиме активно да работи на привлекување нови реномирани авио компании кои ќе ги нудат своите услуги во Македонија.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран