Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот заем не може да се користат за рефинансирање

Од:

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека тоа е јасно пропишано во договорите потпишани со Развојната банка која денеска ги потпишала и рамковните договори со комерцијалните банки.

Државата ќе добие информација од кои сектори се финансирани проекти, но ризикот ќе биде кај банките кои сами ќе одлучат кои проекти ќе ги финансираат.

– Државата може да добие само информација која компанија од која индустрија добила со цел да направиме анализа од кои сектори во иднина може да очекуваме дека ќе дадат позитивни резултати на целокупната економија.Ризикот е кај банките, тие одлучуваат на кого ќе дадат кредит и дали тие компании имаат издржани планови, државата не презема ризик. Во тој дел државата не може, ниту има право да се меша, изјави денеска Димитриеска-Кочоска.

Во вторникот на владина седница беа одобрени 250-те милиони евра наменети за компаниите. Парите ќе се земаат од комерцијалните банки со рок на отплата до 15 години од потпишувањето на договорот и грејс период од три години. Каматната стапка е 1,95 проценти, без дополнителни надоместоци. Максималниот износ за кој може да се аплицира е до 10 милиони евра, а во целиот проект вклучени се сите 13 банки.

Средствата наменети за компаниите се дел од унгарската кредитна линија што Владата ја зема од Унгарија за што договорот беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Димитриеска – Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација

СДСМ: Кочоска не се извинува, продолжува со својот манипулативен и арогантен однос

ВИДЕО: СДСМ обвинува за тендерски мрежи во општините на ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Министерката за финасии повтори дека никого не навредила: Ќе стане јасно зошто се случуваа сите овие работи

Димитриеска-Кочоска: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем

Димитриеска-Кочоска: Eкономијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира