ДИК се прогласи за ненадлежна за барањето на дополнителната заменик министерка за финансии

Од:

Државната изборна комисија повторно се прогласи за ненадлежна да одлучува за барањето на дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Членовите на ДИК констатираа дека немаат овластувања да носат оценка на законитоста на актите за вработувања, односно издадените согласно за вработување во институциите во јавниот сектор, како и во трговските друштва во државна сопственост.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски во заклучокот што го прочита на седницата посочи дека ДИК не може да донесе одлука дали издадените согласности за вработување во институциите во јавниот сектор, како и во трговските друштва во државна сопственост се донесени согласно законот и дали произведуваат правно дејство бидејќи тие не се однесуваат на организирање на изборите.

Членот на Државната изборна комисија, Јанакие Витановски побара од членовите на техничката Влада да не доставуваат вакви барања до нив бидејќи тие не се надлежни да одлучуваат и бидејќи не е во ред секој ден да добиваат вакви барања и покрај тоа што се знае дека ДИК нема такви надлежности.

Би можело да ве интересира

Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино