Десет локални организации на лица со попреченост ќе добијат грантови од ЕУ

Од:

Здружението на лица со попреченост „Полио Плус“, во рамки на проектот „Маргина Обскура”, додели сертификати за грантови на десет граѓански организации на лица со попреченост од повеќе градови низ Македонија.

Конкурсот беше објавен на 21 март годинава. Проектот е реализиран во соработка со македонската организација Цивика мобилитас, Агенцијата за соработка, едукација и развој од БиХ (АЦЕД), а е поддржан од Европската Унија.

– Нашата цел е да ја зајакнеме улогата на организациите на лица со хендикеп, за тие да можат поактивно и поефективно да се вклучат во градењето на еднакво општество за сите, истакна претседателот на Полио Плус, Звонко Шаврески.

На дискусијата, покрај претставничката на ЕУ, Вирве Випари, учествуваа и претставници од македонското Министерство за труд и социјална политика и од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Душан Томшиќ – посебен советник во МТСП, нагласи дека унапредувањето на правата на лицата со попреченост, е висок приоритет за Владата, како и спроведувањето на меѓународната Конвенција за правата на лицата со попреченост, чијшто потписник е и Република Македонија.

– Оваа платформа е основа за една посилна поврзаност на здруженијата на лица со попреченост на локално, но и национално ниво… Како и за поврзување со сродните организации во целиот регион, истакна претседателот на АЦЕД, Душко Вучиќ.

Во хотелот „Порта“ во Скопје два дена се спроведува програмата на Полио Плус, со предавања за правата на лицата со попреченост.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер