Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија организираат бизнис форум и билатерални средби меѓу странските инвеститори и домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни дабавувачи.
Како што соопшти Комората, оваа активност на деловно поврзување е во согласност со Програмата на Советот на странски инвеститори. Поддршката на ваквиот тип соработка е и еден од приоритетите на Владата на Република Македонија со цел поинклузивна и поинтегрирана економија.