Делови од Скопје утре и задутре без струја

Од:

Поради изведување одредени технички инвестициски зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа утре и задутре делови од Скопје и Скопско ќе останат без струја, соопшти Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без напојување со електрична енергија утре од 9 до 16 часот ќе останат корисниците од селат Ракотинци, Добри Дол и Маркова Сушица, како и викенд населбите во воие населени места.

Од 8 до 14 часот и 30 минути без електрична енергија ќе останат корисниците од „Трета Македонска Бригада“ бр. 31 б и булевар „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 28 влез 1,2 и 4.

Според соопштението, во периодот од 10 до 14 часот без струја ќе останат корисниците од населба Карпош, хотел „Бетон“, улица „Козле“ од броевите 26 до 34, Министертвото за економија на улица „Јуриј Гагарин“ бр. 17, улиците „Рузвелтова“ бр. 5, „Миле Поп Јорданов“ од броевите 32 до 38.

Без електрична енергија од 9 до 14, часот ќе останат корисниците од населба Карпош бензиска пумпа „Топ Трејд“, Бетоњерка на „Ратко Митровиќ“, Скупи 3, Скупи 5, Скупи 7.

Во среда во периодот од 9 до 15 часот без електрична енргија ќе останат корисниците од село Студеничани улиците „4“, „5“, „6“ и „8 в“, а од 8 часот и 30 минути до 14 часот и 30 минути улица „Владимир Комаров“ згради бр.13 и 15 во населба Аеродром.

Од 8 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути без струја ќе останат корисниците од Сарај улица „1“ пат кон селото Грчец и село Бојане.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори