Дел од средствата од ММФ за Украина ќе бидат искористени за подмирување на долговите за гас

Од:

Дел од средствата, кои ќе и бидат отпуштени на Украина во рамки на стабилизирачкиот кредит од Меѓународниот монетарен фонд треба да бидат искористени за подмирување на долговите за веќе извршените доставки на природен гас за оваа земја, соопшти руското Министерство за енергетика, по средбата на министерот за енергетика Александар Новак со претставници на Босна и Херцеговина, Македонија и Молдавија, на која учествува и претседателот на „Газпром“, Алексеј Милер, јави ИТАР-ТАСС.

Средбата на која учествуваат и пртставници на министерствата за економија и финасии на Русија мина во форматот на консултции по прашањето за обезбедување на транзитните доставки на гас преку територијата на Украина.

– Русија изразува надеж дека Европската унија ќе преземе мерки, насочени за што е можно поскоро отпуштање од европските финансиски институции на финансиска помош за Украина, која ќе биде искористена и за обезбедување на навремено плаќање од страна на „Нафтогаз-Украина“ на доставките на природен гас од „Газпром“, се наведува во соопштението.

Во документот се вели дека тоа ќе овозможи да се спречи недозволено земање на гас на транзитните количества на територијата на Украина и ќе придонесе за натамошно зајакнување на енергетската безбедност на Европа.

Во моментов долгот на Украина за доставките на гас изнесува 2,2 милијарди долари. Според проценките на директорот на „Газпром експорт“ Александар Медведев тој долг до крајот на април ќе се зголеми до 3,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина