Дефицитот во грчкиот Буџет нагло зголемен

Од:

И покрај големите зголемувања на даноците и намалувањето на трошоците, дефицитот во грчкиот државен буџет нагло се зголеми во првите два месеци од годинава, додека официјална Атина тврди дека бројките се во согласност со владините „пошироки цели“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, зголемувањето на даноците ја влоши рецесијата во земјата, која е во криза веќе шеста година, а трошењета се намалуваат премногу бавно така што очекуваните приходи се далеку од целта. Грчкото Министерство за финансии соопшти дека буџетскиот дефицит за јануари и февруари достигна 813 милиони евра, во споредба со дефицитот од 495 милиони евра во истиот период лани.

Грчките приходи паднаа за 700 милиони евра, на 8,6 милијарди од 9,3 милијарди евра минатата година, иако беше зголемен данокот на имот и персоналниот данок, додека намалување е регистрирано кај индиректните даноци. Во исто време трошоците од државниот буџет паднале на 9,4 милијарди евра од 9,8 милијарди, во споредба со целта од 10,5 милијарди евра.

Во државниот буџет на Грција влегува работата на централната Влада и буџетот на јавната администрација, но не ги вклучува другите национални владини субјекти, како што се некои од државните пензиски фондови или трошоците за одбраната, кои се одразени во општиот владин буџет, што засега уште повеќе ја оцрнува општата слика од она што се очекуваше, коментираат експерти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски