Дебата за реформите во јавните набавки

Од:

Информативен настан за реформите во јавните набавки со посебен осврт на нацрт-текстот на законот за јавни набавки, ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија.

Ќе бидат презентирани реформите во јавните набавки, по што ќе се одржи дискусија на претставници на надлежните институции со бизнис заедницата околу нивните предлози за нацрт-текстот на новиот закон за јавни набавки.

Настанот е дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, што го спроведува „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ со стопанските комори во државава, во соработка со Министерството за финансии на Република Македонија и Бирото за јавни набавки на РМ.

Најавени се обраќања на министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД Македонија, Едвард Гонзалес, експертот за европските директиви за јавни набавки, Мариан Лемке од СИГМА и експертот од областа јавни набавки Анета Данева Мострова.

Новиот предлог закон за јавни набавки предвидува значајни промени во насока на надминување на утврдените слабости во системот на јавни набавки, усогласување со укажувањата и препораките на Европската комисија и подобрување на транспарентноста.

Наместо „најниска цена“ како единствен критериум за јавните набавки како што беше досега, со една од промените предвидени со новиот Предлог закон како критериум за најповолна понуда се поставува „економски најповолната понуда“, односно најдобар однос помеѓу цената и квалитетот – најдобра вредност, или пристап на најголема исплатливост.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години

Ниту едно министерство или општина во земјава нема високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Пад на вредноста на општинските тендери во 2022 година за една третина

Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда

Секоја втора фирма која учествува во тендери во земјава вели дека има корупција