Предностите на факторингот како алтернативен извор на финансирање што овозможува раст на малите и средните претпријатија, е тема на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија, како дел од активностите на Проектот на УСАИД за факторинг.
На почетокот на дикусијата е најавено обраќање на Дејвид Атебери, претставник на УСАИД за Македонија и на Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.
Најавено е учество на претставници на фирми и банки, како и експерти од Македонија и странство.