ДДВ на струјата се намалува на пет проценти, усвоени законските измени

Од:

Собранието попладнево ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, со кои ДДВ на струјата за домаќинствата ќе се пресметува по стапка од пет отсто, наместо досегашната стапка од 18 отсто.

Намалената стапка согласно законското решение ќе се применува со денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, сѐ до 30 јуни 2022 година. По овој датум во наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Целта на воведување на повластените даночни стапка за прометот на електрична енергија кон домаќинставата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци, велат од Министерството за финансии, кое ги предложи измените.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство