Давидс: Инвестирајте во луѓето, за да запре „одливот на мозоци“

Од:

Инвестирање во растежот, поголема слобода на приватниот сектор и инвестирање во луѓето и во одржливоста, а во исто време и продолжување на реформите, зашто Северна Македонија и натаму добро котира на листата на земји на Дуинг бизнис, вели Кун Давидс, извршен директор на Холандската конституенца на Светската банка, во која припаѓа и нашата земја, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, запрашан за ретроспектива на 2019. за македонската економија.

Давидс наведува дека Бордот на Светска банка го одобрил проектот за локални патишта во држвава, во вредност од 70 милиони евра.

Според Давидс, државава мора да инвестира во човечки капитал, во подобрување на продуктивноста и постојано да работи на реформи за унапредување на бизнис околината.

Извршниот директор на Светска банка се осврнува и на важноста од надградбата во образованието во сите сфери и го истакна значењето на поголемата вклученост на жените во општествените текови.

– Едно е јасно, во Северна Македонија е потребна обука за поголема продуктивност. На пример, жените треба да се поттикнат да имаат поголема улога на пазарот на трудот, вели Давидс.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски