Дарко Димовски единствен кандидат за претседател на ССМ

Од:

Сегашниот в.д. претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски е единствениот кандидат за претседател на ССМ на претстојниот Вонреден конгрес што ќе се одржи на 11 ноември.

Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на ССМ со 35 гласа „за“, осум „против“ и три воздржани.

– Утврдениот предлог за претседател на ССМ во предходно спроведена постапка согласно Критериумите, беше поддржан од 12 грански синдикати здружени во ССМ, односно од 2/3 од синдикатите здружени во ССМ во кои членуваат 43.288 членови и истиот ги исполнува во целост потребните услови согласно критериумите, се наведува во соопштението од ССМ.

За синдикален лидер, кандидатури поднесоа сегашниот в.д. претседател Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски, но Претседателството на ССМ утврди дека само Димовски ги исполнува условите за кандидатура.

Претседателот на УПОЗ, Грујовски, кој тврди дека ги исполнува условите за кандидатура, вели дека во консултација со синдикатите кои го поддржуваат ќе одлучат за следните чекори што ќе ги преземат.

– Ова е врв на малверзациите и со ова губи само синдикалното движење, изјави Грујовски.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори