Дански министер за финансии: Најголем пад на економијата од Втората светска војна

Од:

Оваа година данската економија се соочува со најголем пад од Втората светска војна, што е последица на глобалните мерки против коронавирусот, рече министерот за финансии, Николај Вамен.

– Ова е сериозно. Кризата со коронавирусот најверојатно ќе влијае врз данската економија во следните неколку години, но ние исцртавме излез од кризата и веќе ги направивме првите важни чекори, нагласи Вамен.

Во април тој изјави дека Данска се соочува со едно од „најтемните поглавја“ во својата историја, додека данската Влада најави пад на економијата меѓу три и шест проценти.

Економијата во Еврозоната годинава бележи пад од 7,5 проценти. За време на финансиската криза во 2009 година, данската економија забележа пад од 4,9 проценти.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ