Данска: Нема помош за компаниите регистрирани во „даночните оази“

Од:

Данска е меѓу првите земји што забрани компаниите што се регистрирани во некои од земјите на „даночите оази“ да добиваат финансиска помош поради кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Откако Данска потроши милијарди евра за да им помогне на компаниите што бележат значителен пад на приходите поради мерките, во саботата најави нов пакет економски мерки во висина од 13 милијарди евра.

Сепак, врз основа на измените што се воведени, компаниите регистрирани во земјите на „даночните оази“ на на листата на ЕУ повеќе нема да можат да аплицираат за помош.

На листата, за која службените лица во Данска тврдат дека не е сеопфатна, се наоѓаат 12 земји со ниски или без даночни стапки, вклучувајќи ги Панама, Сејшели и Кајмански Острови.

Вкупниот износ што Данска го издвои за помош на економијата изнесува 400 милијарди дански круни, односно околу 53 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Гренланд утре оди на клучни избори

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“