Данев: Од „Планот за економски раст“ на Владата полза ќе имаат само фирмите на Анѓушеви и Заеви

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Анѓушев со „Планот за економски раст“ само ги закажувал сопствениците и дека мерките кои ги презема владата се антиреформски и повеќе ќе предизвикаат штета отколку полза за граѓаните.

– Мерките кои денес ги презентираше Анѓушев не го адресираат главниот проблем во државата. Овие мерки не го адресираат проблемот на невработеноста. Овој план е дизајниран само за фирмите на Анѓушеви и Заеви бидејќи никој друг нема да има полза од ова. Ова е план по чија реализација ќе се отпуштаат вработени, а нема да се создаваат нови работни места. Според мерките промовирани од Анѓушев трудо-интензивните сектори кои вработуваат многу луѓе во Македонија нема да се субвенционираат, а тие сектори се текстилната, кожарската индустрија, автомобилската, градежништвото, рече Днаев.

Според него компании од секторот како Џонсон Мети, Дрексел Мајер, Костал, Леар, Кромберт и Шуберт со овие мерки нема да можат да добиваат државна помош и истите ќе одат во соседните држави каде што има мерки за овој сектор.

– Овие компании кои нема да добијат поддршка од владата ќе размислуваат да ја напуштат Македонија и да заминат во други земји од регионот каде нема вакви дискриминирачки ограничувања. Па инвестициите наместо во Македонија ќе завршат во земјите од соседството. СДС за економијата ветуваше многу, а не реализира ништо. Граѓаните гледаат дека СДС на економски план носи само стагнација и криза, и за тоа ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври, рече Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он