Данците станаа побогати и покрај пандемијата

Од:

На крајот од тешката 2020 година, спротивно на очекувањата, Данците располагаат со поголемо финансиско богатство отколку пред пандемијата, јави Блумберг.

Нето финансиските активи на домаќинствата во скандинавската држава се 5,66 трилиони круни или 930 милијарди долари на крајот од третото тримесечје од годинава. Тоа се податоци од Централната бакна на Данска. Во изминатите две тримесечја финансиското богатство на Данците се зголемило за вкупно 709 милијарди круни.

Тоа успеа да го надомести падот во првите три месеци од годината од 541 милијарди, кој беше предизвикан најмногу од загубите на берзата.

Финансиската состојба на просечното домаќинство во Данска е околу две милиони круни, но многу семејства сè уште имаат помалку од тоа. На нееднаквата распределба укажуваат и пензиските заштеди – околу 43 отсто од нив се кај околу 10 отсто од населението.

Според финансиската институција, богатството на луѓето во Данска повторно ќе продолжи да расте во последниот квартал на 2020 година. Централната банка очекува ова да помогне во надминување на негативниот ефект од новото заклучување во земјата поради зголемениот број новозаразени со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ