Далноводот Албанија-Косово готов до јуни

Од:

Најдоцна до јуни ќе заврши изгадбата далноводот меѓу Албанија и Косово, изјави албанскиот министер за енергетика и индустрија, Дамијан Ѓикнури, кој заедно со дирекорот на секорот за пренос на електрична енергија, Енѓел Зеќо го посети реонот на изградбата на последниот дел од далноводот,Коман-Фиерза.

Како што јави дописникот на МИА, Зеќо рече дека за подигнување остануваат уште четири столба, по што останува на 120 километри да се постават проводниците, кои до сега се поставени во должина од 30 километри. Се очекува работите за завршат на почетокот на јуни.

–  Ова е една многуте значајни инвестиции реализирана последните години, која заедно до далноводот кон Подгорица видно го зголеми нивото на сигурност во обезбедувањето на елекрична енергја. Вршиме физичко унифицирање на албанскиот со косовскиот енергетски сектор, што ќе биде во полза на двете земји, имајќи превид дека ние произвдуваме струја од вода, а тие од јаглен, изјави Зеќо.

Ѓикнури соопшти дека Албанија продолжува со вакви проекти, додевајќи дека изградбата на далновод со Македнија ќе почне следната година, за што, според него, средствата се веќе обезбедени.

Инаку. новата интерконекциска линија Тирана-Косово е финансирана од Владата на Германија, преку „КФВ банката“ во вредост од 42 милиони евра, за албанскиот дел.

Таа е во должина од 242 километри, од кои 155,5 километри се на албанска и околу 90 километти на косовска територија.

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово