Дали ви личи дека ми е гајле што мислите за мене, лидерот на ССМ со порака до власта

Од:

Прават опструкции и ги напаѓаат раководителите на ССМ само за да не ја зголемат минималната плата, вели лидерот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов на прес конференција ден пред отворената седница на Претседателството која ќе се одржи утре пред Собранието. Синдикалците ќе одат и пред Сојзуот на стопански комори и пред Владата.

– Што кај мене ви личи дека ми е гајле за вашето мислење за мене, тоа што го правам и со 60 илјади плата ќе го барам и со 300 илијади плата, ќе барам 500 евра минимална плата и 6000 денари зголемување. Владата е против работниците, Владата не се грижи за раобтниците, рече Трендафилов директно обракајќи им се на пратениците од власта кои како што рече држат и по три прес конференции во еден ден само за да го напаѓаат раководството на ССМ .

250 илјади раобтници во Македонија примаат плата до 32 илјади денари, 380 илјади работници примаат плата под просечната. Затоа се жестоките напади кон ССМ, за да не се зголемат платите на овие 380 илјади работници од вкупно 520 илјади приматели на плата, вели Трендафилов.

Трендафилот повика и нему, но и на сите избрани и именувани функционери платата да им биде 500 евра, но да биде донесен закон за минимална плата од 500 евра. И јас и тие една година да примаме минимална плата од 500 евра колку што ќе примаат близу 200 илјади работници во Македонија, порача претседателот на ССМ директно одговрајќи на последните напади од власта за висината на платите на синдикланите лидери.

Би можело да ве интересира

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра

ССМ ја објави потрошувачката кошничка: 62.691,00 денари биле потребни во април за четиричлено семејство

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Трендафилов: Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата

Горан Наумовски

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски