Дали можеме сите да бидеме директори?

Од:

Независне Новине – Бања Лука

Ако на нашата младина некој наскоро не и покаже патоказ во вистинска насока, сите ќе имаме сопствен адвокат и економски советник.

Не знам зошто ќе ни се толкав број економисти, кога сме екстремно сиромашни, како и правници, кога предметите и така со години, па и децении чекаат на судски епилог.

Но, сигурен сум дека уписната политика на факултетите била толку погрешна во блиското минато што ни во далечната иднина ни нема спас.

Се прашувам за што размислуваат студентите кога конкурираат за упис на економски факултет. Дали сите можеме да бидеме директори? Со што ќе управуваме, каде ни се фабриките?

На евиденцијата на Заводот за вработување на Република Српска во овој момент се наоѓаат околу 4.000 дипломирани економисти и финансиски работници.

Германскиот министер за економија би се фатил за глава кога за толкав кадар би морал да најде фотелји. Ако некој би ви дал задача барем ориентационо да наведете колку факултети, јавни или приватни, има во Сараево, Мостар и Бања Лука, нема шанси да дадете барем приближно точен одговор.

Некому очигледно му е во интерес да зема пари за школарина, а тоа што парите се трошат за усовршување за непостоечки работни места… никого не се грижи!

Образовниот систем во БиХ треба да се менува од корен. Имаме толку дипломи што со нив можеме комплетно да ја обложиме босанската граница, а немаме леб да јадеме.

До вчера не бевме гладни бидејќи лебот го печевме во свои фурни, денес немаме со што да го купиме, а утре ќе нема кој да ни го испече. Или можеби, ќе има, ако економистите и правниците ги вработиме во фурна.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски