Дали Кина е поголема економска сила од САД?

Од:

За прв пат по 140 години, САД не ја носат титулата најголема економска сила на светот. Круната ја презеде Кина која судејќи според моменталната ситуација долго време ќе остане на самиот врв.

Веднаш се појавија критичари кои се сомневаат во овие резултати, поради што се обидуваат да ја оспорат нивната вредност.

Својата теорија ја базираат на сиромаштијата на кинеските провинции и големата класна разлика во однос на градовите.

-Според податоците бруто домашниот производ од година во година расте побргу од оној во градовите, што математички и логички едноставно не е можно- вели аналитичарот Метју Креб.

Тој наведе дека неточните податоци за БДП може да имаат сериозни последици, особено по кампањите кои се вложуваат во Кина, водејќи се од „евентуално неточните податоци“.

Сепак ММФ за 2015 година предвидува економски раст на Кина од 7.1 процент, додека за САД од само 3.1 процент.

Во 2014 година таа разлика е уште поголема, бидејќи економскиот раст во САД изнесуваше само 2.2 проценти, во однос на Кина каде што се регистирирани 7,4 проценти.

Овие официјални податоци не им оставаат многу простор на критичарите и доколку се суди според нив, Кина нема во блиска иднина да го напушти првото место.

Сепак ММФ не верува дека Кина ќе успее како Америка да остане 142 години на првата позицијата најголема економска сила на светот, бидејќи се смета дека до 2100 година приматот ќе го презеде Индија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Се зголеми кинескиот извоз