Дали да се плаче за Made in Germany?

Од:

Во Германија секогаш одново се покренува приказната за правилата кои ги наметна еден британски закон од 1887 година, според кој целата стока увезена во оваа земја мора да има и назнака за земјата на потеклото. Така стоката од Германија доби англиска назнака Made in Germany – Произведено во Германија, што требаше да означи послаб квалитет.

Меѓутоа, тие три збора со време се претворија во заштитен знак, навестувајќи производи со добар квалитет. Со други зборови, тоа на што порано инсистираше Велика Британија, обидувајќи се со тоа да ја заштити својата индустрија, со време се претвори во бумеранг.

Од тие три збора германското стопанство и денес профитира. Според истражувањата на јавното мислење, околу 70 отсто потрошувачи во Германија, свесно купуваат производи со таа назнака. Повеќе од една половина не се подготвени да платат и повеќе за производ со назнака Made in Germany. И во другите делови на светот германските производи уживаат голема популарност. Тоа посебно е случај во Јужна Азија, Русија и Латинска Америка.

Проценките на германското Здружение за квалитет со седиште во Франкфурт на Мајна велат дека германското стопанство од назнаката за земјата на потекло профитира со дополнителни 100 милијарди евра годишно. Меѓутоа, од тоа корист немаат само угледните германски производители, туку и тие кои ветуваат квалитет но не го исполнуваат.

Поради тоа Комисијата на ЕУ со години се обидува да издејствува единствени правила за назнаките за земјата на потекло на стока во широка потрошувачка. Ако тоа конечно и се случи, натписот Made in… во иднина ќе биде фокусиран на царинските прописи. Во превод Made in… ќе мора да ја земе предвид и државата во која стоката е направена, а не само за земјата од која дошла идејата и технологијата.

Но, тоа не делува доволно убедливо за германското стопанство. Стопанската, индустриската и трговската комора, како и разни други слични здруженија во Берлин, жестоко се противат на тој концепт. Се плашат од уште поголема бирократија, трошоци, а пред се од отстранување на својата омилена назнака.

Прашањето е на место: што би се случило кога германските производи повеќе не би имале право на назнаката Made in Germany? Дали тоа автоматски би значело дека Полото на Фолскваген кој се монтира во Шпанија, би било помалку атрактивно за потрошувачите? Најверојатно не.

Во повеќето случаи, каде некој производ ќе биде доведен до крајот не игра пресудна улога во неговиот квалитет. Сепак, болното прашање за германските производители пред се е во автомобилската индустрија. Бидејќи Мерцедес, Фолксваген и БМВ своите автомобили ги монтираат и на други континенти, а во големиот углед уживаат, благодарение на фактот дека се работи за германски брендови. Меѓутоа, во која мера на успешните и докажаните фирми им треба назнаката Made in Germany?

Автомобилската индустрија е само еден од многуте примери. Во глобалниот свет, во кој германските инжинери можат да замислат некој патент кој по монтирањето во источна Европа утре ќе биде продаден во Азија или Америка, назнаката Произведено во Германија повеќе не игра голема улога, а и зошто да игра? Производителот т.е. брендот е гарант на квалитетот, далеку поголем од производниот погон во кој автомобилот или машината на крај се монтира.

Во тој контекст, лобистите на германското стопанство не треба да трошат преголема енергија на Брисел и Берлин и да водат дискусии на кои е поминат рокот на траење. Наместо тоа, би било подобро некои работи да ги расчистат во самите фирми чии интереси ги застапуваат. Пред се, до нив мора да стигне пораката: фокусирајте се на квалитет со кој назнаката Made in Germany нема да биде потребна!

Дојче веле – Бон

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ